Украдени нови велосипеди, крадците снимени од безбедносна камера

“Изминатава вечер (среда кон четврток) нашиот продажен салон Проспорт, на ул. “Дебарца” бр.13, за жал беше огрaбен.
При самата кражба низ скршеното стакло од влезната врата се изнесени неколку велосипеди од висока вредност.
Доколку знаете нешто повеќе за случајот, или пак ги имате здогледано во текот на ноќта или можеби ги препознавате луѓето од приложениве слики би Ве замолиле да ни се обратите тука или телефонски на 023212108, за полесно и побрзо да ги најдеме. Ви благодариме на помошта и поддршката, секоја трага, информација и секое ваше споделување на објавава ќе ни значат навистина во потрагата по разбојнициве”.
Оваа информација со неколку фотофрафии ја сподели фирмата Про спорт од каде се украдени велоспиедите. Во Скопје редовно се крадат велосипеди од влезови во згради или дворови. Полицијата ретко да открие некој од крадците , а оттаму одговорот скоро секогаш е дека истрагата е во тек. Не е прв пат граѓани да доставуваат снимки или фотографии од крадците , но наоѓањато на украден велосипед е скоро невозможно.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Општина Стумица со реакција: Општина Струмица бара унифицирана и законски уредена висина на плата на пожарникарите на ниво на држава, а не намалување на платите на пожарникарите

Општина Струмица до порталот Досие достави :Реакција на текстот со наслов „Општина Струмица прави споменици на жртви на…