Украдени 30 дрва од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ – само 24 часа откако Град Скопје ги посади

24 часа откако градските власти посадија 600 дрва покрај новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ украдени се 30 од нив.

-Станува збор за садници кои се засадени во рамки на големата акција со која оваа есен над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари ќе го раззеленат Скопје. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санираа штетата и веднаш посадија нови дрвја на истата локација. За жал, ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР, велат од Град Скопје.

Оттаму апелираат да се чува зеленилото, бидејќи, како што велат, чисто Скопје е стремежот за сите нас.

Град Скопје вчера исто така преку Фејсбук соопшти дека на овој булевар засадени се 600 дрва.

-Новите дрвореди се составени од квалитетни дрвја коишто веднаш ќе се вклопат во екосистемот на главниот град, толку потребно за прочистување на воздухот, напишаа од Град Скопје на Фејсбук.

Total
0
Shares
Поврзани објави