Украден еден од уредите за дезинкфеција на возила во Куманово

Еден од уредите за дезинфекција на возилата во Куманово кои беа поставени изминатите денови, веќе е украден, а друг е оштетен, информираат денеска од Општинскиот штаб за заштита и спасување.

– Вчера е оштетен уред за прскање на средства за дезинфекција на возилата на локација Средорек (ул.„Доне Божинов„) и украден  е уред за прскање на локација помеѓу улиците „Биљановска„ и „Народна револуција“. Апелираме за совесно и одговорно однесување на граѓаните кон уредите кои се користат за дезинфекција на автомобили и на јавно прометни површини, стои во реакцијата на ОШЗС.

izvor- kumanovskimuabeti.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави