Угостителите преку своето Здружение бараат одговори од МВР за саботната акција Скопје

По повод извршената акциска контрола во угостителски објекти во Скопје на 01.07. 2018 година во временскиот период од 01:15 до 03:30 часот, од страна на СВР Скопје во кординација и содејство со Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат и спроведените акциски контроли во седум угостителски објекти на подрачјето на град Скопје, лоцирани во градскиот парк и неговата поблиска околина, здружението ХОРЕКАШИ го соопштува следново:

Здружението ХОРЕКАШИ во согласност пропишаните закони на Република Македонија поточно врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.13/ 1.2.2006 год.) на ден 02.07.2018-та година, поднесе БАРАЊА ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР до следните институции и соодветствени одговорни лица:
1. Инспекциски Совет на РМ – Елизабета Кучера
2. Министерство за Внатрешни работи – Марија Јаковлеска
3. Државниот инспекторат за труд – Африм Селими
4. Управата за јавни приходи – Татјана Банишка Митровска
5. Државниот пазарен инспекторат – Тина Темовска

Барањето до МВР гласи:
Ве молиме да ни ги доставите сите документи и преписки со кои Вашата институција беше вклучена во координирата полициска акција и здружен инспекциски надзор во присуство на единиците на ЕБР, со сите инспекциски служби, поточно преписките со: 1. Инспекциски Совет 2. Министерство за Економија – Државен Пазаришен Инспекторат 3.Министерство за Финансии – Управа за јавни приходи 4. Министерство за Труд и Социјална Политика – Државен инспекторат за труд, која беше организирана во вечерните часови на 30-ти јуни и утринските часови на 1-ви јули 2018-та година

Барањето до останатите 4 институции гласи:
Ве молиме да ни ги доставите сите документи и преписки со кои Вашата институција беше вклучена во координираниот инспекциски надзор кој беше организиран во вечерните часови на 30-ти јуни и утринските часови на 1 јули 2018-та година, како и документи со кои побаравте асистенција од МВР за оваа акција.

Со ова сакаме да ја известиме јавноста, дека Здружен инспекциски надзор согласно со пропишаните закони на Република Македонија (Член 16-а став1од закон за инспекциски надзор) смее и може да организира само Инспекциски Совет на РМ. Здружениот инспекциски надзор само во случај на попречување на вршење на инспекцискиот надзор, смее да побара асистенција од Министерство за внатрешни работи (Согласно со член 34 од Законот за инспекциски надзор). Комуникацијата помеѓу Инспекциските органи и Министерството за внатрешни работи согласно со пропишаните закони на Република Макеоднија се одвива по писмен пат. Поточно согласно со член 7 став 1 алинеја 2 од Законот за полиција „Полицијата укажува помош (асистенција) по барање за асистенција предвидена со посебен закон (во конкретниот случај би требало да биде член 34 од Законот за инспекциски надзор). Согласно ставот 2 од член 7 од Законот за полиција „Барањето за асистенција надлежниот орган го поднесува до Полицијата во писмена форма, најдоцна пет дена пред спроведувањето на извршувањето, односно пет дена пред денот за кој е утврдена потреба за давање на помош (асистенција).“

Здружението ХОРЕКАШИ бара дали е запазена законската процедура.
1. Дали било која од инспекциските служби била попречувани во инспекцискиот надзор?
2. Дали инспекциските служби поради евентуалното попречување писмено се обратиле до Министерството за внатрешни работи со барање за полициска асистенција
3. Дали Министерството за внатрешни работи писмено одговориле на барателите во случајов Инспекциските служби, за асистенција при вршење инспекциски надзор?
4. Дали Министерството за внатрешни работи има испоставено фактура до инспекциските служби за дадената услуга?
5. Воедно го замолуваме Министерството за внатрешни работи да ни покаже по кој закон пропишан во Република Македонија, Полицијата смее да организира акција или кординира во содејство со Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат?

#соопштение

Total
0
Shares
Поврзани објави