Убиство во Шутка, братучеди се карале таа ги двоела , едниот ја прободел со нож

Триесетина години возрасна жена е убиена синоќа, кога се обидела да смири двајца братучеди во среде голема кавга. Инцидентот се случил во населбата Шуто Оризари, нешто пред 23 часот.

Се почнало кога двајцата братучеди почнале да се расправаат, иако претходно седеле мирно разговарајќи, во дворот на едниот од нив. Во еден момент, едниот си заминал бесен, но се вратил држејќи нож в раката. Тогаш жената на едниот се обидела да застане меѓу нив во обид да ги раздвои, па завршила директно на ножот.

На местото на настанот стигнала полицијата и ги регистрирала деталите, по што двајцата братучеди се приведени. Закого ќе следи пријава, и дали ќе има притвор, ќе се знае денеска.

Total
0
Shares
Поврзани објави