Уапсен Митре од Пустец оти шверцал грав

Албанската полиција уапси двајца цариници вработени на граничниот премин Горица на албанско-македонската граница кај Стење, под обвинение дека овозможиле шверц на грав од Македонија.
– Поради злоупотреба на службената положба за лична корист, уапсени се цариниците од граничниот премин Горица, Гентиан Кецо (34) од Бабан кај Девол и Хектор Марино (39) од Корча. Уапсен е и Петре Митре (27) од селото Глобочани, општина Пустец, кој од Македонија внел 1,3 тони грав, соопшти Полицискиот комесаријат од Корча, под чија надлежност е преминот.
Запленетиот грав бил натоварен во возило марка „Фолксфаген”, а цариниците дозволиле да мине без да да биде извршена контрола и потребната царинска процедура.
Уапсените ќе одговарат за „злупотреба на службета положба” и „недозволена троговија” пред судот во Корча.

Total
0
Shares
Поврзани објави