Уапсен Дедо Мраз си ги убил децата

Поранешен вработен како Дедо Мраз во маркет на Волмарт, е уапсен за убиство на своите две деца откако нивните тела биле пронајдени во дворот зад нивната куќа во градот Гајтон, Џорџија, САД.

Обвинетиот Елвин Крокер Сениор (50) никогаш не ги пријавил своите деца за исчезнати, иако неговиот син Елвин Џуниор никој не го видел од ноември 2016 година кој тогаш имал 14 години. Алармот кај локалната полиција се вклучил дури неодамна, кога и неговата исто така 14-годишна ќерка Мери мистериозно исчезнала.

Следел претрес на нивниот дом, па така мртвите тела биле пронајдени. Аутопсијата го потврди идентитетот на децата.

Заедно со Елвин Сениор, биле уапсени и неговата сопруга, инаку маќеа на починатите малолетници, како и неговата тешта и нејзиниот љубовник.

Total
0
Shares
Поврзани објави