Туристите помагале во гасењето на огнот, истрагата ќе потврди дали пожарот кај „Аурора“ избувнал поради човечки фактор

Пожарот што вчера околу 14:30 часот избувна во близина на туристичкиот комплекс „Аурора“ крај Беровското Езеро брзо беше локализиран. Според информациите Сашко Руменовски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, во огнената стихија е опожарена површина од околу пет декари.Дојавата во ТППЕ Берово е примена околу 14:30 часот, по што од наша страна е интервенирано со две возила, една цистерна и возило „бремач“. Во гаснењето учествуваа четворица пожарникари на кои помош им пружија и вработени во комплексот, како и туристи. Во моментот пожарот е локализиран, но наши екипи остануваат во обиколка на теренот, информираше Руменовски за МИА.Причините за пожарот ќе бидат познати по извршениот увид, иако како можен причинител се наведува човечки фактор.

Total
0
Shares
Поврзани објави