“Туарегот” запален , најдени две автоматски пушки , напаѓачите од Александар Палас побегнале кон Арачиново?

Алсат дознава дека трагите од денешново пукање во хотелот „Александар Палас“ водат кон Арачиново. Според наши извори  во атар на с.Арачиново пронајдено е опожарено возило „Фолсваген Туарег“  во кое имало две автоматски пушки.  Истотака околу 08:30 часот е пријавено е дека на паркингот испред „Александар Палас“, било оштетено возило „Фиат“.

Еден човек е ранет во престрелката во Александар Палас?!

Хотелски гости и полициски извори тврдат дека најмалку едно лице е потешко повредено во вооружената престрелка која по полноќ се случила во скопскиот хотел Александар Палас.

Информацијата ја потврдуваат и гости на хотелот кои го слушале пукањето и слушнале крици на тешко рането лице.

Официјално не се соопштува за кого се работи ниту за бројот на повредените или евентуално убиените луѓе.

Избегале од тепачката и се вратиле со калашњикови.

Total
0
Shares
Поврзани објави