Цело семејство во Дебар убиено поради кавга за имот?

Синоќа околу 21 часот на улицата ,,1 Мај”, кога во нивниот дом биле застрелани 54 – годишен маж, неговата сопруга и нивната 14 – годишна ќерка. Неофицијално станува збор за членови на семејството Поцеста, кои привремено живееле во Италија. Кој пукал не се знае , полицијата трага по сторителот. Пукано е со пиштол. Првично од разговорите со нивни познати семејството имале нерсчистени имотно правни односи.
Во текот на ноќта екипи на полицијата вршеле увид на местото на убиството.
Истрагата е во надлежност на Јавното обвинителство од Гостивар. Оттаму информираа дека во приватна куќа во Дебар се пронајдени безживотни тела на три лица. Според првичните сознанија, станува збор за тројно убиство, а жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од околу 13 години, кои времено живееле во Италија. Сторителот засега е непознат.
Обвинителството издадало серија наредби за прибирање траги од лице место, вештачења и претреси.

Total
0
Shares
Поврзани објави