Три девојки исчезнаа за еден ден

Три девојки исчезнале во текот на вчерашниот ден, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, вчера во 14,50 часот во Секторот за внатрешни работи Штип, М.Д. (39) пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата 14 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Исто така, вчера околу 19,45 часот во Полициската станица Пробиштип М.Т.(55) пријавил дека на 14.07.2018 година од домот во непознат правец се одалечиле неговите две ќерки Н.Т.(19) и другата ќерка на возраст од 16 години.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Total
0
Shares
Поврзани објави