Околу 60-тина работници на работната единица „Комунална хигиена“ при Јавното комунално претријатие „Тетово“ (ЈКП) се собраа на јавен протест изразувајќи незадоволство што веќе шест месеци не им се платени придонесите за здравствено и пензиско осигурување. Бараат интервенција на државните институции.

-Немаме шест месеци осигурување и  бараме да ни се дадат платите на време. Платите ни доцнат еден месец, но најмногу ни е проблем што немаме осигурување. Еве јас имам проблем со срцето, морам да пијам лекови, морам да ги земам, наместо да платам 300 денари сум платил 2500 денари затоа што немам осигурување, вели работник од село Копанце.

-Вчера сум платил таблети за дијабетес, морам таква е болеста, а немам осигурување. Шест години со договор работам немам никакво осигурување. Тука се пред се луѓе без образование, не манипулираат, се пожалија работниците.

Според раководството на ЈКП Тетово „Комунална хигиена“ незадоволството изразиле само дел од работниците за кое сметаат дека не е оправдано со оглед дека здравствено и пензиско осигурување нема за ниту еден работник од околу 300 вработени во јавното претријатие.