Тетовски полицајци се тепале со ножеви

Тетовската полиција уапсила четворица жители на градот кои учествувале во тепачка во која бил употребен и нож, при што со повреди се здобиле три лица кои побарале лекарска помош во клиничката болница.

Досие.мк дознава дека двајца од тепачите се полициски службеници а тепачката се случила со познат локален шериф Таир голубарџијата

Од Секторот за внатрешни работи информираат дека повеќето настани започнале половина час пред полноќ.

– Во 3 часот е добиена пријавата дека неколку часови претходно на улицата 141 во близина на тетовската касарна бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале М.Д.(41), Д.А.(43), Ж.А.(45), А.И.(37) и Б.З.(30). Притоа, бил употребен и нож, а со повреди се здобиле лицата М.Д., Д.А. и Ж.А. и на нив им била укажана лекарска помош во тетовската клиничка болница, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Потоа во текот на денот сите четворица била најдени од полициските службеници и задржани во полициската станица. Истрага ја води тетовското Јавно обвинителство и ќе се утврдуват мотивите, како и сите поединости околу физичката пресметка во која бил употребен и нож.

Total
0
Shares
Поврзани објави