Тетово најзагаден град во светот, пред Кабул и Катманду

Граѓаните во Тетово вечерва го дишат најзагадениот воздух во светот. Имено, според сајтот numbeo.com градот Тетово вечерва е најзагадениот град во целиот свет.

Веднаш зад Тетово, на листата на загадени градови се наоѓаат и Кабул, Катманду, Фаридабад, Газијабад и други.

Инаку, научните студии покажуваат голема поврзаност на загадувањето со сериозноста на симптомите кај заболувањето предизвикано од сојузникот, односно коронавирусот, како и тоа дека загадувањето директно влијае на смртноста од Ковид -19.

Според студија од Универзитетот Харвард, малото зголемување на долготрајна изложеност на ситните PM2.5 честички доведува до големо зголемување на стапката на смртност од Ковид-19.

Total
0
Shares
Поврзани објави