Тетовци повторно без вода, пукнало пак водоводна цевка

Поголемиот дел од тетовци од изутринава повторно немаат вода бидејќи истата водоводна цевка повторно пукна, сега стотина метри подолу во паркот на Шарена Џамија. Екипите на јавното комунално претпријатие се постојано на терен, но не можат да кажат за колку време ќе биде отстранет овој најнов дефект, бидејќи врнежливото време и тешките теренски услови не дозволуваат брзо решавање на проблемот.

„Оваа водоводна цевка што вчера пукна, а која е во близината на полициската станица, опслужува со вода за пиење околу 60 проценти од градот. Станува збор за стара салонитна цевка која беше заменета со пластична цевка во долнина од неколку метри“, изјавил за СДК раководителот на водотехничката лабораторија на ЈКП Тетово Љуљзим Шаќири.

Шаќири вели дека дожливото време и непристапноста до цевката, бидејќи веднаш до неа поминуваат уште три други водоводни цевки и електрични кабели под висок напон, бараа голема вниматлност при работата и затоа дефектот не можеше брзо да биде отстранет.

„Мораше да се отстранат 4 и пол метри од салонитната цевка која беше целата распукната. Со работата завршивме околу 1 часот по полноќ, па во текот на ноќта поголемиот дел од градот доби вода за пиење. Меѓутоа, изутринава утврдивме дека има истекување на самата спојка меѓу пластичната и лесонитната цевка. На оваа поправка уште работиме и оваа поправка планираме брзо да ја завршиме. Но, набрзо увидовме дека се појавил уште еден дефект на оваа водоводна цевка, стотина метри подолу во паркот кај Шарена Џамија“, обаснил Шаќири.

Според него, се работи за иста водоводна цевка која досега повеќе пати предизвикувала големи дефекти бидејќи е стара, најверојатно седумдесетина години, дотраена е и неквалитетна односно лесно е кршлива.

„Поради сето ова се затворени речиси сите ситеми па сѐ додека целосно не се отстранат дефектите, околу 90 проценти од градот е без вода за пиење“,вели Шаќири. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русковска отвори постапка – испитува зошто Спасовски со месеци чекал да го затвори техничкиот преглед во кој поминал и автобусот на „Беса транс“

Предметот засега е во фаза на предистрага, во чии рамки истражители од Обвинителството вчера го посетиле Министерството за…