Тетовци останаа без вода и без струја

Делови на Тетово имаа прекин во водоснабдувањето, додека, другата половина од градот остана без струја повеќе од 8 часа. Вчера настанало затнување на вентил на главната водоводна мрежа, на истата линија каде минатата недела имаше два поголеми дефекти. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија бил поради див ископ од трето лице.

Повторно се појави проблем во главната водоводна мрежа на улицата „Цветан Димов“ во Тетово, кој остави без вода неколку тетовски населби. Вчера настанало затнување на цевката со песок и камења, откако минатата недела на истата линија имаше два поголеми дефекти. Тогаш поголем дел од градот три дена имаше прекин во водоснабдувањето.

Повеќе од 8 часа, пак, вчера без струја остана дел од Тетово, поради див ископ. Од ЕВН информираат дека прекинот е пријавен во 16 часот, по што екипите излегле на терен.

„Екипите на електродистрибуција констатирале дека дефектот настанал на 20КВ подземен кабел преку кој со електрична енергија се снабудуваат 8 трафостаници. На лице место, видно било дека трето лице вршел див ископ при што го оштетил кабелот. Санацијата траеше осум часа“, изјавија за Телма од ЕВН.

Случајот бил пријавен во МВР каде што е изготвен записник за оштета од трето лице и се води истрага против сторителот. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави