Ј.М. (20) годишен е момчето пронајдено во реката Вардар меѓу селата Форино и Чегране. Случајот беше пријавен вчера околу 16 часот од жител на гостиварско Мало Турчане, кој го видел телото во Вардар близу селото, се обидел да го извлече, но не успеал.

Веднаш потоа, полицијата и противпожарната единица започнаа потрага, која беше прекината ноќеска и продолжи утрово, кога и беше пронајдено телото.

Полицијата информира дека откако неговото тело било извлечено од реката, лекар ја констатирал смртта, а првично не биле констатирани траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.