Во Полициска станица Пробиштип, 40 годишен жител на село во Пробиштип, пријавил дека во мобилиот телефон на наговата 11 годишна ќерка пронашол фотографија од неа со компромитирачка содржина. Во разговор со истата, дознал дека фотографијата ја направило машко лице и истиот ја уценувал ќерка му, да излезе со него бидејќи ќе ја објавил фотографијата на Фејсбук. Во ПС-Пробиштип е извршен разговор со девојчето во присуство на нејзиниот татко и со стручен тим од Центарот за социјални работи -Пробиштип, а по наредба на дежурниот јавен обвинител, во Клиничка Болница Штип е извршен гинеколошки преглед над неа. Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи е одземен лап-топ марка „Тошиба“ од станот на осомничениот како материјален доказ во присуство на неговиот татко. ПС-Пробиштип превзема мерки за расчистување на случајот.
#МВР-билтен
Поврзани објави
МРТ: Догодина можно е да немаме претставник на Евровизија
По настанот со Андреа Коевска, која го фрли македонското знаме на земја, јавниот сервис МРТ ја соопшти својата…
Владата почна борба против лажните вести, новинарите надвор
Владата ги испрати новинарите од конститутивниот состанок на Акциската група за координација на државните институциите за борба против…
Двајца приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Ристески
Две лица се приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, кое во пожар целосно изгоре…
Почина поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај
Во Тетово почина Томислав Стојановски-Бомбај, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија и лидер на Демократската партија на…