Таравари бара техничка влада и нови избори

Генералниот секретар на Алијансата  за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари на синоќешното гостување на Телевизијата 21 побара техничка влада, во која ќе учествуваат сите политички партии со цел да превземат одговороноста за решавање на клучните политички теми, како што е спорот со Бугарија.

„Бараме техничка влада за да го решиме спорот со Бугарија, да добиеме датум за преговори со Евроската унија, и веднаш да одиме на нови парламентарни избори заедно со локални“, изјави Таравари.

Таравари не ја исклучи соработката со ВМРО-ДПМНЕ на следните избори затоа што лидерот Христијан Мицковски се извинил за нападот на лидерот на Алијанса на Албанци во Собрание на 27 април.

Освен тоа, спопред Таравари, Мицковски бил подготвен во Законот за јазици место долгата формулација за албанскиот, како јазик што го зборат 20 посто од населението, да се прецизира како Албански јазик.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Oд среда децата се враќаат на настава?

По неколкунеделни преговори СОНК и Владата постигнаа компромисно решение за покачување на платите на наставниот кадар во училиштата, како и за вработеите во…