Талат Џефери ја прекина седницата за одземање имунитет на Велјановски

Во тензична атмосфера точно на полноќ кога требаше да се гласа за имнитетот и барањето одредување притвор за пратеникот Трајко Велјановски осомничен за крвавиот четврток, спикерот Талат Џафери ја прекина седницата. Тој најави дека дополнително ќе соопшто кога ке продолжи.

Седницата започна вечерва а партиите спореа околу тоа дали комисијата која не му го одзеде мандатот донела некаква одлука по која би гласало собранието. Власта тврдеше дека Собранието има право да гласа, а опозицијата дека така се крши деловникот оти Комисијата нема одлука која би се ставила на гласање.

По барање на координатрот на осумтенима независни пратеници беше дадена пауза но потоа и координаторот на ВМРО -ДПМНЕ побара пауза од еден час но доби само 15 минути. Во салата состојбата се вжешти и претениците меѓу себе си довикуваа и расправаа.

Претседателот Џафери наеднаш ја прекина сединцата , ја затвори папката и замина.

До вечерва на полноќ Собранието имаше рок да одлучи дали ќе му биде одземен имунитетот и дозволено барањето на судија од претходна постапка за одредување притвор за Велјановски.

Како понатаму ќе се делува и толкува деловникот никој нема одговор.

фото: МКД.МК

Total
0
Shares
Поврзани објави