Сузана Турунџиева: Кој профитира и лаже дека продава мед од Атиџе?

Денес на една од групите на социјалните мрежи беше постира слика од тегла со мед која се гледа дека е расипана. Жената која го постира прашува зошто медот брзо се расипал и сменил боја. Таа вели дека го купила како бренд – Медот на Атиџе. Коментарите и постот стигнаа до нејзината пријателка позната печака Сузана Турунџиева. Таа реагираше дека некој манупулира со името на Атиџе и нејзиниот мед.

Во продолжение постот на Туруџиева:

Од утрово добивам добронамерни пораки од познати и непознати пријатели дека во некоја приватна група Здрава храна МК се фрла сомнеж и се критикува медот на Атиџе, кој наводно со сигурност е купен преку некој човек од неа.

Нема да коментирам кој, како и зошто го направил тоа и се дрзнал некоја тегла (од непознато потекло и состав) мед да ја нарече МЕДОТ НА АТИЏЕ!

Единствениот начин да бидете сигурни дека медот е на Атиџе е само доколку сте го купиле директно од Атиџе. Исто и за прополисот! Нека им служи на чест на сите кои се обидуваат да манипулираат, нечесно да заработат или профитираат со користење на нејзиното име.

Жално и срамно!

Total
0
Shares
Поврзани објави