Судски совет ќе бара отчет од судиите за предметите што застаруваат и нерешените

Судскиот совет тргнува во офанзива со цел завршница да добијат сите предмети кои застаруваат или пак останале нерешени. Претседателот на Судски совет, Киро Здравев ланииспратил циркуларно писмо до претседателите на сите судови, барајќи да се направи пресек до крајот на јули за сите вакви предмети, како и акционен план за тоа до кога предметите би се решавале во судска постапка.

Здравев на почетокот на месецов ќе бара отчет од претседателите на судовите, за тоа што досега е направено по неговото барање за активирање на застарените и нерешените предмети.

– И претходно правев посета за оваа цел по судовите низ државата, но поради корона-кризата се беше ставено на пауза. Сега се ажурираат податоците, а до средината на месецов повторно ќе остварувам средби со претседателите на судовите, за да ме информираат, има ли субјективни или објективни причини некој предмет да истане нерешен – вели претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

Тој вели дека со новиот закон за Судски совет, имаат задача да ја оценуваме работата на судиите на секои четири години, а не како што беше претходно – на две.

„Оценувањето е врз основа на квантитативни и квалитативни критериуми и тоа квалитативните со 60%, а квантитативните со 40%. Сега се изготвува методологијата за исполнетост на критериумите во однос на квалитетот на судската постапка. Се предвидува оценката да се дава по пет предмети предложени од конкретниот судија и пет предмети по случаен избор од АКМИС системот – изјави Здравев.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Маж удрен од глисер

Во полициската станица во Струга вчера околу 18 часот е пријавен дека е повреден 60-годишен стружанец. Тој е…