Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски, вели дека Судскиот буџетски совет дискриминира, бидејќи и покрај договорот сите вработени во судството да добијат за ист процент повисоки плати, судиите добија 10-настотно, а службениците 5% покачување на примањата. Тие бараат да реагира и Министерството за правда.

 Од УПОЗ истакнаа дека нивното покачување е максимум до 1.500 денари, за разлика од судиите кои добиваат и до 9 илјади денари повеќе, додавајќи дека поради администравците досега не било откажано ниту едно рочиште, што не било случај со судиите.

Сепак, поддршка за службениците дојде и од претседателот на Кривичен, Иван Џолев, кој истакна дека платите треба да се повисоки, но не го гледа проблемот во Судскиот буџетски совет. /kanal5