Странците со предупредување до СДСМ, нема почеток на преговори ако ДУИ биде во влада

Западни дипломати во Скопје пренеле јасна порака на врвот на СДСМ дека евентуална коалиција со ДУИ нема да донесе почеток на преговори за членство со Европската унија, твдат партиски избори.

„ДУИ се многу корумпирани и неспобни да ја придвижат напред европската агенда“, тврделе дипломатите на средбата со челници на СДСМ.

Тие сметале дека ако ДУИ биде дел од влада ќе биде неможно да се води било каква борба против организираниот криминал и корупција.

Освен тоа, реформира во судството, што е една од најважните реформи на идната влада, ќе биде неизводлива бидејќи најкорумпирани судии и обвинители се кадри поставени токму од ДУИ, која ќе се обиде со сите сили да го заштити.

Токму поради ваквите предупредувања, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, минатата недела изјави дека нова влада ќе направат само со проевропски партии.

Поради ваквиот развој на настаните во ДУИ владее вистинска паника и затоа почнаа да кокетираат со ВМРО-ДПМНЕ. Откако увидоа дека шансите на Мицковски да формира влада се минимални, се обидуваат да го хомогенираат албанскиот политички блок преку таканаречената албанска платформа, која албанската опозиција ја одби.

Единствена можност на Ахмети за преживување е придизвикување раздор меѓу СДСМ и Беса на Билал Касами, со кого се сретна вчера. Со оваа средба Ахмети праќа пораки до СДСМ дека може да ја изгуби можноста за формирање влада, ако ДУИ не биде вклученба во неа.

Истите извори велат дека шансите Беса да се здружи со ДУИ и да направат влада со ВМРО-ДПМНЕ се минимални.

Total
0
Shares
Поврзани објави