Српскиот Парламент денеска усвои измени и дополнувања на Кривичниот законик, со кои се укинува затворска казна од 30 до 40 години и се воведува казна доживотен затвор за најтешки кривични дела.
Доживотен затвор е предвиден за тешко убиство, силување, обљуба на малолетно лице, бремена жена и немоќно лице, што е во согласност со предлог од фондацијата „Тијана Јуриќ”, поддржан од страна на околу 160.000 граѓани.
Казната доживотен затвор е проширена и на сите други кривични дела што се казнуваа со 30 до 40 години.Tие дела се убиства на претставници на највисоките државни органи, сериозни кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Србија, здружување заради вршење кривични дела, геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства против цивили, тероризам …
Предвидено е осудено лице на доживотен затвор да може условно да се ослободи по отслужување 27 години затвор.
Поврзани објави
9-мина скијачи се загубиле во густата магла на Попова Шапка, полицијата ги нашла и ги спасила
Двајца тинејџери од Тетово претпладнево се изгубиле на скијачките патеки на Попова Шапка поради густат магла. 15-годишно и…
ЗНМ објави „Прирачник за етичко известување од избори“
Здружението на новинарите на Македонија во пресрет на претстојните парламентарни избори изготви „Прирачник за етичко известување од избори во…
Мери Николова Буџаку: Македонците ги разбија стереотипите, ја поддржаа идејата за премиер Албанец
Борецот за човекови права , хуманист и кандидат за пратеник Мери Николова Буџаку попладнево се обрати кон гласачите…
Јовевски за бонусите во СЈО: За секретар поголема плата од претседател на држава, за иста работа два пати платено
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска откри дека првичните согледувања околу исплатите на бонусите во СЈО покажале дека…