Спасовски: Судите се виновни за бегството на Груевски

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, пред медиумите изјави дека нема да си поднесе оставка поради бегството на поранешниот премиер Никола Груевски без да се пријави на отслужување на двегодишната казна затвор и додаде дека вината треба да се бара во судот.

– Не може некој криминалец кој еднаш во животот нешто украл да добие веднаш притвор, а некој кој има тешки обвиненија зад себе да биде пуштен да избега без притворање. Одговорноста барајте ја кај судиите кои не одредиле мерка притвор за човек кој е осомничен за повеќе кривични дела, рече Спасовски додавајќи дека полицијата работи врз основа на судските наредби.

Total
0
Shares
Поврзани објави