Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги предупреди граѓаните да не користат говор на омраза на социјалните мрежи против Бугарија затоа што можат да се гонат кривично.

„Ги следиме, преземени се одредени истражни дејства за одредени Фејсбук-групи и на други мрежи. И ова не е само за ситуацијата туку и генерално, бидејќи проблемот со говорот на омраза е сериозен, создава непријателства и во други држави, иако во овој период е малку поизразено поради состојбата“, изјави Спасовски. 

За говорот на омраза и за секое друго прашање македонската полиција секојдневно соработува со бугарските колеги .

И премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС се пофали дека брзо реагирале за да го расчистат случајот со палењето на бугарското знаме, но и дека го разрешиле новинарот Зоран Иванов од Извршниот одбор на МИА поради Фејсбук статус.