Спасено 10 – годишно дете од давење кај Десарт во Охрид

Само брзата реакција на посетителите на плажата кај хотелот Десарет и Итната медицинска помош од Охрид попладнево е спасено 10 годишно дете од давење.

Детето кое се капело, останало под вода подолго време, на што веднаш реагирале граѓаните кои биле на плажата. Откако го извлекле брзо пристигнала итната медицинска помош со која по интервенцијата на самото место детето било пренесено во Општата болница во Охрид.

Total
0
Shares
Поврзани објави