Совет на амбасадори: Бугарското вето е непримерен чин

Советот на амбасадори реагира на бѕгарското вето тврдејќи дека не може да се развиваат добрососедски односи меѓу земјите од позиција на примена на вето како екслузивно право на земја членка на ЕУ кон земјите кандидати или аспиранти.

Советот изрази жалење што Бугарија одлучи да стави вето на евроинтеграцискиот пат на С Македонија.

„Со овој непримерен чин, Република Бугарија не се претстави пред светот како европски ориентирана земја која ги почитува и применува европските вредности и стандарди на самоопределување, човекови права, демократија, јазичните и културните вредности и различности“, се вели во соопштението.

Тие сметаат дека ако се пропушти можноста за соодветно решение до и на самиот Самит на ЕУ, дека во рамки на неодамнешните реформи на процесот на проширување на Европската Унија, ќе биде испуштена приликата за корекција на принципот на општ консензус при донесување на одлуките со посовремен и поефикасен начин на донесување на одлуки.

Според нив, земјите членки на Унијата, а посебно Бугарија, треба да вложат напори во декември С Македонија и ЕУ да ја одржат првата меѓувладина конференција и да започнат преговорите за членството во Унијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави