Во полициската станица Аеродром утрово било пријавено дека на 28 септември годинава четворица малолетници низ прозорец фрлиле нивна соученичка.

Настанот се случил во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, кога четворицата малолетници фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓала на приземје и низ него ја фрлиле на земја, при што девојчето се здобило со повреди.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

фото : fakulteti.mk