Марија, сопругата на пратеникот на СДСМ Костадин Ацевски, за кој медиуми известија дека физички ја нападнал сопругата, во изјава за Плусинфо вели дека не била нападната ниту физички, ниту вербално, па дури дека сопругот никогаш не кренал рака на неа и дека е внимателен.

Ацевски вели дека не го ни повишил гласот кон неа.

Веќе извесно време живееме одвено и таа вчера дојде дома и рече дека сака да остане тука поради децата. Реков дека тогаш јас ќе си одам, а синовите сакаа да дојдат со мене.Тука настана недоразбирањето, по што таа се јави во полиција“, вели Ацевски за Плусинфо