Сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -12 до -2 степени, а дневните од -1 до 8 степени.

Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура од 4 степени.

Наутро ведро и доста студено ќе биде времето утре, а преку денот сончево со слаб северозападен ветер. Температурите ќе се движат од минимални -13 степени, до максимални дневни од 10 степени.

Според прогнозите на метеоролозите до сабота ќе преовладува слично време.