Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој 20 години беше на чело на оваа партија, би можел да формира нов политички субјект за настап на локалните избори во втората половина во октомври.

Засега од СДСМ ниту ниту потврдуваат ниту негираат за такво нешто, а гласноговорникот Богданка Кузеска денеска единствено рече дека во земјата секој е слободен да се натпреварува со своја политичка понуда.

Шпекулациите говорат дека поранешниот премиер и претседател на Македонија ќе  формира партија заедно со незадоволните од СДСМ. Гласините се засилија откако веќе се појавија независни листи во неколку општини а истовремено Радмила Шекеринска по осум години се повлекува од функцијата како потпретседател на владеачката партија.

Претходно премиерот Зоран Заев рече дека „разноликоста во ставовите на СДСМ ја  прави партијата најдемократска во земјата“.

Гласините за можното повторно активирање на Црвенковски беа засилени и на почетокот на годинава.