Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски е ставен на дневниот ред на пленарната собраниска седница како последната 20-та точка. Седницата според објавата на интернет страницата на Собранието, е закажана да почне во 11 часот.
Пред два дена собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања предложи одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.
Одлуката беше изгласана со пет гласа „за“ од деветчлената собраниска Комисија. Неизвесно е дали две третини од пратениците ќе го поддржат предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски.
Поранешниот премиер е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во истовреме се чека Кривичниот суд да одлучува по жалбите на неговите адвокати на одлуката на судијата за зивршување санкции кој одби да му го одложи отслужувањето затворска казна. Одлуката треба да се знае најдоцна до понеделник.
Поврзани објави
Гласањето на седницата на Собрани ќе се одвива рачно (со картончиња)
Во Собранието денеска на пладне во салата Голема купола ќе се одржи првата седница на новиот парламентарен состав…
Кој е терорист со потекло од Тетово кој пукаше во Виена и застрела седумина меѓу нив момче од струшко
21-годишниот Н.В. со потекло од Велешта, струшко, вчеравечер е убиен во терористичкиот напад кој се случи во центарот…
ЕУ забранува увоз на руска нафта: Украина да ја добие војната
Украина мора да ја добие оваа војна, им порача на европските пратеници шефицата на ЕК, Урсула фон дер…
Османи: Музејот во Сопот не е на УЧК, одбележува настан од 1944 година
Музејот кој викендов беше отворен во селото Сопот го одбележува убиството на 60-мина селани во 1944 година. Беше…