Со хеликоптер извлечени полицајците од Танушевци

Десетина гранични полицајци кои неколку денови беа заглавени во полициската станица во село Танушевци, поради наноси од снег денеска се пренесени во Скопје со полициски хеликоптер.

Движењето им беше оневозможено бидејќи снегот достигнал до 2,5 метри и ги блокирал локалните патишта.

Граничните полицајци останаа во станицата и по завршувањето на нивната 4-дневна должност, а од МВР рекоа дека тие имале доволно храна и биле во постојана комуникација со нив.

Денеска претпладне е извршена смена на полицајците.

Total
0
Shares
Поврзани објави