Снимки од нападите на американските бази во Иран, словенечките војници повлечени

Иранската државна телевизија објави видео снимка за која тврди дека е балистичкиот ракетен напад на американски воени бази во Ирак, пренесува Гардијан.

Иран испали над 20 балистички проектили кон две воени бази во Ирак во кои се наоѓаат американски војници, а Иранслата револуционерка гарда која превзема одговорност за нападот, наведува дека истите се одмазда за убиството на Касим Сулејмани.

Според првичните информации од Иран, во нападите настрадале 80 лица.

Шест словенечки војници, кои се стационирани во градот Ирбил во северниот дел на Ирак, набрзо ќе бидат евакуирани. Оваа одлука е донесена по иранскиот напад на аеродромот и на уште една воена база во Ирак, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Словенечките војници во Ирак се дел од германскиот контингент. За повлекувањето веќе е известен и претседателот на Словенија и врховен командант Борут Пахор, на состанокот што го имаа утрово со министерот за одбрана Крал Ерјавец и началникот на генералштабот Аленка Емец. Тие телефонски разговараа и со војниците во Ирак кои кажале дека се добро.

Total
0
Shares
Поврзани објави