“Снимката е стара од јануари”, се бранел градоначалникот на Демир Хисар за заканите кон наставничките

Марјанче Стојановски, градоначалникот на општина Демир Хисар кој вчера беше повикан на информативен разговор во полициска станица поради заканите кон вработените, рекол дека снимката која се појавила на интернет е стара од протест во основното училиште „Гоце Делчев“ во Демир Хисар од јануари. Протестот се одржал поради промена на две учителки во други подрачни училишта, информираат од полицијата. По разговорт Стојановски е пуштен а до целосно завршување на случајот ќе бидат сослуани и други лица.
Снимката која се појави на интернет порталот економски Лидер е јасна и на неа се слуша како градоначаникот се заканува на наставнички и признава дека ги прислушкува нивните телефонски разговрои. Се фали дека знаел како тоа се прави оти работел во МВР. Вработени во општината се пожалија и на закани од градоначалникот околу нивните работни места.

Total
0
Shares
Поврзани објави