Аудиоснимка од прислушуван разговор помеѓу екс- министерката Гордана Јанкулоска и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков е нов доказ што го предложи Специјалното обвинителство во случајот „Сопот“. СЈО бара како сведоци да се сослушаат и 6-мина вработени во УБК кои ја работеле предистражната постапка за овој случај.
„Ние очекувавме дека ќе бидат предложени и круцијалните сведоци по овој предмет, а тоа се Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, бидејќи тие се во разговорите, тоа е општо познато. Бидејќи тоа не го стори СЈО, ние како одбрна тоа сигурно ќе го предложиме“, изјави адвокатот Насер Рауфи.
На селаните со жителство во Сопот им се суди затоа што во март 2003-тата поставиле мина на патот Сушево- Сопот кога загинаа двајца војници на НАТО и еден цивил. Тие веќе се осудени но постапката се повторува поради нови докази и признание на сведок дека дал изнудена изјава.
Поврзани објави
Финансиска полиција со предистрага за „Фризерница“
Случајот „Фризерница“ под лупа на Финансиската полиција. Оттаму за Алсат потврдуваат дека е отворена предистрага за Националната агенција…
Грчките спасувачи извлекоа две живи лица од урнатините по земјотресот во Албанија, прогласена вонредна состојба
Двете специјални единици за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба, кои се наоѓаат на две различни локации…
Трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во историјата на македонскотo здравство
На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во…
Брнс: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е заеднички интерес
Амбасадорка на САД, Кејт Мари Брнз вели дека влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледа како заеднички…