Следната недела поточно на 17 октомври скопскиот кривичен суд ќе ја соопшти пресудата за настаните од кумановското Диво Насеље од мај 2015 година. Во овој случај обвинети се 37 лица за тероризам и терористичка организација. Обвинителството побара доживотен затвор за сите обвинети. Нивните адвокати пак бараат ослободителни пресуди тврдејќи дека нема докази дека го сториле кривичното дело. На 9 и 10 мај пред две години загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина поминаа со тешки повреди. Од страна на вооружената група загинаа десет лица.
Поврзани објави
ЕУ не бара Србија да поставува жичаната ограда кон Северна Македонија
Радио Слободна Европа пред неколку дена објави дека Србија почнала да поставува жичана ограда на границата со Северна…
ФОТО: Изгоре автобус на АРМ, војниците едвај се спасиле
Утрово околу 6:30 часот, на релацијата Пробиштип-касарна „Илинден“ се запалил автобус на АРМ. Автобусот бил полн со војници…
Почина Зафир Хаџиманов
Македонскиот пеач и композитор Зафир Хаџиманов почина на 77 годишна возраст.