Под влијание на многу топла воздушна маса од југ и во текот на следните денови времето во државава ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена облачност додека денес доцна попладне и навечер како и утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Викендов максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени денес и од 25 до 33 степени утре. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Во текот на следната недела температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пораст па така истите во централните и во југоисточните предели се очекува да се искачат до околу 40 степени. Сепак поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачноста проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на водел талог, силни електтрични празнења, силен ветер и појава на град па токму поради ова, односвно во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде од 10 до 11 па поради ова доколку излегувате во најтоплиот дел од денот ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да понесете заштитна опрема односно капа и наочари за сонце и да се внесува поголемо количество на течности.

извор: 1tv.mk