Скопјанка ги бара момчињата кои и помогнале: Сите ме одминуваа на улица, само тие застанаа

На Ѕидот на сообраќајниот Срам се појави објава од скопјанка која се заблагодарува јавно на момчиња кои и помогнале вчера на Илинденска.

– Синоќа имав немила случка со моторот на Илинденска, а од сите возачи кои ме поминаа и гледаа, но не застанаа, само една кола колку што запамтив, црвена застана и излегоа две момчиња. Албанци беа, го дигнаа моторот и мене ми помогнаа, па ми донесоа и вода. Ви благодарам дечки, ако сте членови на групава сакам да ви кажам едно големо благодарам, и јас сум како вас, хуманост пред се, стои во објавата.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Маж удрен од глисер

Во полициската станица во Струга вчера околу 18 часот е пријавен дека е повреден 60-годишен стружанец. Тој е…