Скандал: Град Скопје се “мајтапи” со Сенатор од САД

https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/pcb.3811899668856217/3811898038856380/

Откако во изминативе неколку дена актуелни се “мемињата” со Сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, не остана покус ни Град Скопје. На својата официјална Facebook страница администрацијата на градоначалникот Петре Шилегов во вест за поставување урбани клупи во градот сподели фотографии кои наликуваат на актуелниот тренд “Меме” со Берни Сандерс.

Берни Сандерс беше фотографиран на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, каде покрај заштитната маска носи и дебели зимски ракавици и видно е одвоен од останатие групи на луѓе.

Фотографијата стана интересна за голем број познати личности кои фотошопираа свои фотографии додавајќи го Сандерс. Но, досега ниту една официјална Facebook страница на институција од државно или локално ниво не се пошегува на ваков начин.

Објава на Град Скопје
Оригиналната фотографија од Сенаторот Берни Сандерс

А. Џез

Total
0
Shares
Поврзани објави