Здравствениот систем во овој момент е целосно прилагоден на новата состојба, рече министерот за здравство Венко Филипче и повторно побара помош од граѓаните со тоа што целосно ќе ги почитуваат мерките за заштита.
„Ја следиме ситуацијата со болничките капацитети и медицинскиот кадар и на дневна основа, по потреба, правиме прилагодувања и ротации за да одговориме и на овој предизвик. Но она што за нас е најважно, е поддршката на граѓаните, нивно целосно почитување на мерките и солидарност. Ако ова го имаме, многу брзо ќе ја надминеме и оваа состојба. “ рече Филипче.
Тој рече дека многупати досега ја упатил пораката дека одржувањето дистанца, хигиена и дезинфекција на рацете се универзални мерки насекаде во светот.
„Тоа е единствениот начин да се заштитиме себеси, нашите семејства, пријателите и секако здравствените работници и здравствениот систем во целост“, рече Филипче.
Тој рече дека кога постепено се враќаме кон редовните животни активности, повеќе од било кога е важно секој да даде свој придонес во спречување на ширењето на вирусот.
„Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен“, рече Филипче
Поврзани објави
И патникот од Дубаи негативен на корона вирусот
Патникот кој што бил шест дена во Дубаи, и дошол во Скопје, утринава со симптоми на грип се…
До кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба – оромен транспарент на Јавната расправа за Законот за ЈО
Во една од собраниските сали започна првата Јавна рсправа за Законот за Јавно обвинителство. По могуте договори и…
Објавено видео на Фејсбук како се пали бугарското знаме
На фејбук страницата која го носи името „ВМРО-ДПМНЕ УМС Гази Баба“ е објавено видео на кое се гледа…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија затворената седница на собраниската Комисија за одбрана за лажните дојави за бомби
Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната комисиска седница на…