Силјаноска го искара Џафери, заради внукот не може да се откаже седница

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, на денешното продолжување на конститутивната седцница, го искара старо-новиот претседател на Собранието, Талат Џафери поради тоа што без најава ги закажувал и откажувал седниците спротивно на деловникот.

„Ние се информиравме од медиумите. Мислам дека и претседавачот треба да води сметка за Деловникот и не е ексклузивен во диктирање на условите. Не може да ги откажува и закажува кога сака. Честитки за внукот, но тоа не е причина за откажување на седницата. Ако можат мајките да не присуствуваат на мекиците, тогаш може и без дедото“ рече Силјановска.

Џафери одговори дека ќе ја води седницата додека трае расправата по предлогот, а потоа ќе го отстапи претседавачкото место на некој од замениците.

Во врска со навременото информирање на пратениците, Џафери се правдаше со непостоењето на Комисија за избори и именувања, која ги регулира правата на пратениците.

Тој ги повика пратениците побрзо да ја формираат комисијата за избори и именувања, во спротивно пратениците и службата нема да земат плата. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави