Шверцерко бегање од одговорност за демолирањето на МНТ

По демолирањето на МНТ од навиваката група Шверцери , сите инстутуции реагираа , си ја префлија одговорноста, но никој не е посочен како организатор и директно одговорен за демилирањето на театарот.

Пратеникот Груби, кој од директорката на МНТ беше посочен како организатор, демантира дека тој ги организирал „Шверцерите“ и додаде дека дивеење е упадот, тепањето и скандирањето во Собрание на 27 април, а не прослава на навивачи, каде што се очекува скандирање, пеење, но не и вандализам, кој што би го осудил во секој момент.

Премиерот Зоран Заев знаел дека има документарен филм но не знаел за навивачите. Прославата ја нарече дека не била баш културна.

Миниостерството за култура се огради и соопшти дека во МНТ во петокот биле најавени два настани, но не било најавено дека ќе присуствува навивачка група, Од Министерството велат дека во МНТ во петокот било најавено свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до Дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група.

Нејасно е кој е организаторот на прославата на „Шверцерите“. Градоначалникот Висар Ганиу тврди дека во МНТ бил на покана на навивачите, оти бил и тренер на клубот.

Директорката на театарот Симона Угриновска изјави дека не била информирана за карактерот на прославата што се одржала во МНТ. Таа тврди дека за вториот настан не била информирана што точно ќе се одржи и не споменува кој се јавил како организатор на манифестацијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави