Што значи пандемија упатства и почитување на препораките

https://www.facebook.com/dr.a.mitov/videos/2687583811523587/

Светската здравствена организација денес прогласи пандемија со корона вирусот. Ова е првата прогласена пандемија по онаа 2009та година, со Н1N1, односно свинскиот грип.

Ширењето на корона вирусот во светот е пандемскo, тоа го заклучи денес СЗО. Во моментов има потврдени над 118 илјади случаеви, во 114 земји ширум светот.

,,СЗО постојано од близу ја следи целата ситуација со овој нов вирус”, изјави Тедрос Аданом, директорот на СЗО во текот на денешниот прес. ,, Длабоко сме загрижени заради алармантните размери на ширењето на овој вирус, како и заради aлармантните размери на неодговорно однесување во случаите на некои земји” изјави Тедрос и исто така додаде дека секојдневно ги повикуваат државите да превземаат итни и агресивни мерки.

Ширењето на вирусот ескалира во големи размери во Италија, Ј. Кореа и САД. САД поради слабиот одговор на надлежните во однос на тестирањата како и ограничниот број на тестови, слабо се снајде во справувањето со вирусот кое е можеби најзначајно во самиот почетокот.

Сепак, ширењето на вирусот се уште може да се исконтролира, а тука директорот на СЗО ги спомена како позитивни примери Кина и Ј.Кореа кои во последните денови имаат намалување на ширењето на корона вирусот.

Пандемијата е дефинирана од СЗО како ширење на одредена нова заразна болест низ огромен дел од светот.

Не постојат строги критериуми, кога станува збор за прогласувањето пандемија, односно колкав број на заболени треба да има за да биде прогласена. Исто така, не постои праг или број на смртни случаеви кои би поттикнале прогласување на пандемија. Станува збор за проценка на СЗО, во зависност од приликите и факторите околу одредено заболување.

Терминот ,,епидемиско заразно заболување или епидемија” се користи за некое заболување кое излегло од контрола. Се дефинира како ширење на заболување кое се случува на поголем географски регион и заразува поголем број на луѓе од вообичаено. ,,Епидемија” ја означува состојбата на активно ширење на одредено заболување на даден простор. Спротивно на тоа, ,,пандемија” се поврзува со географската раширеност на одредено заболување и се употребува да се опише заболувањето кое зафаќа огромен број на земји низ светот.

СЗО го класифицира новиот корона вирус како глобална здравствена опасност во светска размери уште на 30ти јануари. До овој момент не беше прогласена пандемија, сè со цел да не се создаде непотребна паника, па затоа СЗО само ги предупреди државите да се подготват за пандемија. ,,Употребата на зборот пандемија во моментов можеби и е во согласност со фактите на теренот, но може со сигурност да предизвика страв” изјави Тедрос Аданом на една од прес конференциите во февруари месец. ,,Она што можеме да го видиме низ светот се епидемии во различни делови од светот, погодувајќи различни држави на различен начин”.

Последен пат кога СЗО прогласи пандемија беше во 2009та година со случајот на свинскиот грип (H1N1). Тогаш, речиси ¼ од светското население беше погодена. И покрај тоа, оваа одлука беше критикувана, заради создавањето на непотребна паника. Епидемијата со SARS-от пак од пред 15тина години, не беше прогласена за пандемија иако погоди 26 земји. Ист беше случајот и со MERS вирусот.

текстот и видеото се сопственост на Др. Митов

Total
0
Shares
Поврзани објави