Што разговарале Груевски , Латас и Тодоров за време на изборите 2013

На судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“, каде што за незаконско прегласување во Струмица на локалните избори во 2013 година се обвинети половина од членовите на тогашната Државната изборна комисија, Мендух Тачи и Сашо Мијалков, беа пуштени осум нови бомби. Во нив се слушаат Груевки Латас кои зборуваат за Кичево и гласањето во ДИК за Срумица.

На 29 март зборуваат Латас и Груевски.

„Чу ли?“, прашува Латас.

„Од ова правиме три дена драма. Договараме со ДПА они да нè поддржат и да го земеме и Заев. Леле леле“, му вели Груевски на Латас.

„Јебеш Струмица. Ние не преговараме ни со едни со други“, му вели Латас на Груевски. Како бе вака, со кој памет оваа лудост ја направија? Си наплатил он, а физички се нема појавено во партија“, вели Латас не кажува име и остана нејасно за кого се работи.

Потоа СЈО пуштии разговори на Латас и Никола Тодоров, шеф на тогашниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, договараат повторно уредувачка политика на „ТВ Сител“ во врска со гласањето во ДИК, за што е и обвинението за „Титаник 2“.

„Ова драма ќе биде утре. Се одолговлекуваше ваму-таму, а ако ни го одбијат ДУИ и СДСМ ќе биде драма“, вели Тодоров

„Бранко на концерт во Виена е“, вели Латас.

„Да не ги влече парите од Кипар преку Виена?“, прашува Тодоров.

„Не, не, не, Бранко е на концерт на Џастин Бибер. И он е единствениот со лична карта во публиката“, му одговара Латас.

Тодоров се смее и вели: „Па дупло постар е од него“.

Латас: „Он може да го слуша него само ако фатил цура врсничка на Џастин Бибер“.

Тодоров: „А кој ти кажа тебе за ова?“

Латас: „Орце“.

Во следен разговор меѓу двајцата, се договораат како Латас да го информира Тодоров за вестите за приговорите во Струмица.

„Утре правиме драма тешка. Сега кога ми јавија, Орце беше до мене“, му вели Тодоров.

Латас одговара: „Ние ќе си го кажеме како мегаскандал“.

На 29 март, Тодоров го информира Латас: „Лаки, пазар ДУИ и СДСМ, ДПА гласаше за нас. Падна Струмица. Ги поебавме во Струмица. Значи Заев паѓа, чао“.

Истиот ден на полноќ, двајцата зборат пак.

„Друже Лаки“, му вели Тодоров.

„Пала Струмица?“, прашува Латас.

„А бе овие не се нормални“, вели Тодоров и се смее.

„Па ова е туш“, вели Латас.

Тодоров тука го објаснува она што е суштина на обвинението, дека по налог на Сашо Мијалков, до обвинетиот Мендух Тачи, обвинетиот Бедредин Ибраими во последен момент кренал рака во ДИК да се прегласа чисто гласање во Струмциа за да не победи Заев во првиот круг за градоначалник.

„ДУИ и СДСМ против нас, а ДПА за нас. 4 спрема 3. А бе штама настанува. Има уште два приговора, ама и тие ќе бидат 4:3. Во секој случај, иде Заев во втор круг со само 500 гласа плус“, вели Тодоров.

Латас: „А бе овие само на Ранковце и Дебрца ќе останат“, му вели Латас.

„А не, Дебрца ќе им ја земеме, Ранковце ќе им го оставивме, ова ќе има јак одраз во Центар“, вели Тодоров.

„И он ќе решавал име, он Кичево го продаде, па име ќе решава“, вели Латас.

Тодоров му одговара: „Бранко е во Виена, а не знае кај да оди. Да му пуштам видео да прошета малку да знае каде да ги потроши парите. Хахахах“.

Латас се смее: „Замисли го у публика, педофил“.

Потоа Латас вели дека не би сакал да му биде на Заев во кожата и претпоставува дека нема спиено до сабајле.

„А да му се јавиме, што викаш, хахаха“, се смее Тодоров.

Total
0
Shares
Поврзани објави