Штипката на папочната врвца ја откри мајката на напуштеното бебе

Напуштеното бебе кое беше оставено во Битола пред домот за доенчиња е дете на малолетна тетовчанка потврдија од полицијата. Мајката наскоро ке наполни 18 години. Напуштеното новороденче е во одлична здравствена состојба, јаде, спие и напредува потврдија од Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Детето било однесено на преглед на Детското одделение во болницата, каде и првично било прегледано и е констатирано е дека бебето е во одлична здравствена состојба и напредува.
До мајката и двајцата мажи кои и помогнале да се ослободи од детето полицијата дошла по првичните сомневања според штипката на папочната врвца на бебето. Сината штипката на папочната врвца бил првиот заклучок за истрагата дека бебето не се родило во Битола, бидејќи во оваа болница се користат бели штипка за папочната врвца кај новороденчињата. Се претпоставуваше дека можеби е од Прилеп, но по прегледувањето на документацијата во болницата и оваа можност отпадна. Полицијата неколку дена ги прегледувала сите снимки од околни објекти околу домот за доенчиња. На снимката се гледа автомобил како застанува пред домот и двајца мажи го даваат детето на минувач. Истрагата ја доведе полицијата до тетовската болница. Во моментов се расчистува коплетно случајот и се очекува пријави против сите инволвирани.

Total
0
Shares
Поврзани објави