Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се прости од познатиот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ. Тој призна дека со него договарале да ја отвори Универзалната сала, која е во фаза на реновирање.

„Денес губам дел од својата душа. Денес губам дел од себе. Нашата задња слика друже. На твоето последно доаѓање во Скопје. А, договаравме да ја отвориш Универзална …“, напиша Шилегов на „Фејсбук“.

ДЕНЕС ГУБАМ ДЕЛ ОД СВОЈАТА ДУША. ДЕНЕС ГУБАМ ДЕЛ ОД СЕБЕ. НАШАТА ЗАДЊА СЛИКА ДРУЖЕ. НА ТВОЕТО ПОСЛЕДНО ДОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ. А ДОГОВАРАВМЕ ДА ЈА ОТВОРИШ УНИВЕРЗАЛНА …

ХЕЈ ЛЕГА …