Шест дена исчезната кавадарчанка, последната фотографија – семејството бара помош

Безуспешна била вчерашната потрага со кучиња трагачи по исчезнатата жена од Кавадарци, информираат од нејзиното семејство. Маре Дамјановска (72) исчезна пред шест дена во Кавадарци, а последно е забележана на камерата на објект во близина на кавадаречките гробишта, околу 16 часот, односно два часа откако заминала во непознат правец.

За ,,Фокус” семејството појаснува дека таа има проблеми со помнењето. Дента кога изчезнала била облечена во темна јакна, црни тренерки и црвена блуза. Има седа коса и плави очи.

Нејзниот внук Дарко Дамјановски ни ја достави последната фотографија од жената, извадена од видео снимките на камерите во близина на градските гробишта, каде последен пат е забележана.

Поради тоа што гробишата се наоѓаат во близина на патот кон Прилеп, семејството вели дека Маре може да е во било кој град во земјава.
Апелираат доколку некој ја забележи, да ја задржи и веднаш да повика полиција.

извор – Fokus.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави